Рецепт за традиционална пинса

Мека како облак пинсата е претходничка на пицата која оваа година би можела да се врати на голема врата

0
827

По иззгледот пинсата потсетува на фокача, само без карактеристичните дупки, а неретко богатиот фил е заменет само со маслиново масло и рузмарин. Некогашното јадење го вратиле во живот италијанските пинсерии во САД, а познавачите на гастрономијата најавуваат дека годинава би можеле да станат вистински хит. За ова продонесува фактот што тестото за пинса полесно му паѓа на желудникот од она за пизата.

Ние ви го претставуваме основниот рецепт за римска пинса.

Состојки:

За тестото:

800 г печнично брашно

150 г оризово брашно

50 г брашно од соја

1/2 кесичка сув квасец

20 г сол
10 мл ладно цедено маслиново масло

1 литар ладна вода

Приготвување:

Измешајте ги сите три типа брашно со рацете и додадете го квасецот. Додадете 8 дл ладна вода и промешајте околу 3-4 минути. Додадете сол во тестото, измешајте, а потоа додадете масло и продолжете со месење.

Додадете ја преостанатата ладна вода и мешајте најмалку пет минути. Ставете го тестото во сад и оставете го во фрижидер најмалку 35 часа, а можете и 48.

Извадете го тестото од фрижидер и оставете го три часа или додека не се зголеми двојно.

Вадете парчиња од тестото, развлекувајте ги и распоредете ги на подмачкана хартија за печење и филувајте ги по желба.

Печете ги во топла рерна на 200 ° C околу 10 минути.

Фото: Pixabey