Рецепт за брза и здрава зимница од зелка и ротквици

Зимска салата која го стимулира здравјето на цревата - без готвење, без шеќер, без хемикалии. Рецептот е многу едноставен ...

0
244

Оваа зимска салата ќе ја подготвите најдолго за 30 минути, а поради нејзиниот витамински и пробиотски состав, совршено делува на цревната микрофлора.

Оваа зимска салата има добра pH вредност, бројни витамини, ензими и минерали и е одлична за зајакнување на имунитетот.

Состојки:

1 зелка со средна големина, ситно сечкана
6 ротквици, исечкани на мали тркалца
4 поголеми чаши вода
1/2 среден корен од ѓумбир, рендан
2 лажици морска сол

Приготвување:

Зелката ситно исечкајте ја, како за салата, и измешајте ја со ротквиците кои сте ги исечкале на тркалца. Измешајте со дрвена лажица и оставете ја смесата да стои неколку минути, а потоа додадете рендан ѓумбир.

Од оваа количина би требало да можете да наполните околу 5 тегли од 1 литар. Истурете ја смесата во чисти и стерилизирани тегли, но така што 2/3 од теглата остануваат празни, за да имате простор за вода. Во 4 шолји вода ставете 2 лажици морска сол и мешајте додека не се соединат.
Додадете од солената вода во секоја тегла и наполнете до врвот. Ако остане простор во теглата, пополнете ја со сечкани листови од зелка.

Убаво затворете ги теглите, завиткајте ги со крпа и оставете ги да отстојат околу 7 дена на темно место на собна температура. Ако забележите дека смесата во теглите е набабрела, тоа е знак дека пробиотичкиот процес е добар.

По 7 дена, преместете ги теглите во фрижидер, ова ќе го забави процесот на ферментација. По 2 дена, можете да ја консумирате оваа пробиотичка зимска салата со вашите омилени јадења.

Фото: Pixabay