Промоција: Водич за добра и автентична храна

Кога ќе видите ознака „Слоу Фуд гостилница“ на која се наоѓа црвеното полжавче, на вратите на локалите избрани од страна на Слоу Фуд Македонија, тоа значи дека потеклото на храната која се служи таму е локално, високо квалитетно, произведено од малите фармери и занаетчии.

0
285

Промоцијата на првиот водич за добра и автентична храна насловен како „Слоу Фуд гостилници“, ги собра на едно место сите љубители на добриот залак и на традицијата.

Водичот го претставува гурманското богатство на 17 интересни гостилници во нашата земја што ја промовираат регионалнaта кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет. Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино…, ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија заради сонцето, гостопримството, амбиентот и пред сѐ, вкусната храна, навистина добро се јаде.

Впрочем, токму добрата и квалитетна храна е првиот одговор на сите странци кога ќе ги прашате што им се допаѓа најмногу во Македонија.

Авторка на текстовите во водичот е новинарката Вања Тодоровска, која во светот на гастрономијата е најпозната по рецензиите за ресторани што ги пишуваше во „Утрински весник“ цели десет години, до неговото згаснување во 2017.година.

Поентата на водичот е да биде патоказ кон објектите каде што добро се јаде и пие и гаранција дека токму таму има мени кое е репрезент на локалната кујна која обезбедува добра вредност за парите со фер цени во менито.

Кога ќе видите ознака „Слоу Фуд гостилница“ на која се наоѓа црвеното полжавче, на вратите на локалите избрани од страна на Слоу Фуд Македонија, тоа значи дека потеклото на храната која се служи таму е локално, висококвалитетно и произведено од малите фармери и занаетчии.

„Почитувани гурмани, хедонисти и патници-намерници, добредојдовте на страниците на првото издание на водичот „Слоу Фуд гостилници“ со кој сакаме да ви предложиме места кои ја промовираат регионалнaта кујна и придонесуваат за заживување на местата за јадење кои особено ги рефлектираат локалните вкусови и идентитет. Ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино, пекари… – сите тие служат храна позната по нивниот квалитет, вредност и верност кон традицијата и иднината. Предложените места овозможуваат добро, „старомодно“ гостопримство од страна на домаќините, а локалот поседува амбиент каде што можете да поминете неколку часа задоволство без да се чувствувате како некој да ве „опсервира“.

Ги нарековме „Слоу Фуд гостилници“ затоа што се неформални, ја одразуваат традицијата и територијата збогатена со понудата на вина и други домашни пијалаци и во кои повеќе од кога било во кујните младите талентирани готвачи и персонал ја задржуваат неформалноста, но сепак ги применуваат принципите на современата кујна“, пишува во воведот на водичот кој беше презентиран од Николче Николовски, пре­тсе­да­тел на На­ци­о­на­лниот од­бор на „Слоу Фуд Ма­ке­до­ни­ја“ и од авторката наа текстовите Вања Тодоровска.