Природни сојузници кои спречуваат згрутчување на крвта

Првите два чекори во спречувањето на згрутчување на крвта се активен начин на живот и здрава исхрана базирана на изобилство на шарено сезонско овошје и зеленчук и омега-3 масни киселини. Ова се два основни чекори ако сакате да ги заштитите крвните садови и срцето. Исто така, многу е важно да пиете многу течности за дополнително разредување на крвта.

0
2217

Згрутчување на крвта можете да спречите со едноставно менување на начинот на живот и исхрана и со земање на одредени природни лекови кои ќе ја подобрат еластичноста и проодноста на вашите крвни садови.

Првите два чекори во спречувањето на згрутчување на крвта се секако активен начин на живот и здрава исхрана базирана на изобилство на шарено сезонско овошје и зеленчук и омега-3 масни киселини. Ова се два основни чекори ако сакате да ги заштитите крвните садови и срцето. Исто така, многу е важно да пиете многу течности за дополнително разредување на крвта.

Покрај тоа, можете да ги земете овие природни состојки кои ќе им помогнат на вашите крвни садови да останат проодни и здрави.

1. Лук

Суровиот лук се смета за еден од најдобрите природни лекови за спречување на блокада на крвните садови или тромбоза. Оваа супернамирница обезбедува одлична заштита од кардиоваскуларни и метаболни заболувања. Истражувањата покажаа дека внесот на лук не само што ја намалува акумулираната плоча во крвните садови, туку и спречува формирање на нови.

2. Витамин Ц

Витаминот Ц е еден од најмоќните антиоксиданти кои се важни и за здравјето на крвните садови. Тоа е клучна состојка во формирањето на колаген, кој, како лепило, ги држи коронарните клетки заедно. Колагенот е инаку градежен материјал не само за нашите коски, туку и за нашата кожа, крвните садови и целото сврзно ткиво.

Бостонска студија од 2003 година на 85.000 жени открила дека припадничките на понежниот пол кои земале најголеми дози на витамин Ц имале најмал ризик од срцеви заболувања, а со тоа и од затнување на жилите и атеросклероза.

Како моќен антиоксидант, овој витамин спречува оштетувања во крвните садови. Исто така, според студијата, кај оние кои консумирале 2 киви дневно во текот на 28 дена (киви се богат извор на витамин Ц) забележано е дека крвните плочки или тромбоцитите се помалку склони кон формирање на мали згрутчувања на крвта.

Ако сакате да го зголемите внесот на овој витамин со храна, консумирајте портокали, пиперки, јагоди, домати, бамја, брокула, сладок компир во кора.

3. Л-лизин

Оваа есенцијална амино киселина е вклучена не само во изградбата на протеини, туку и во формирањето на колаген. Дејствува на сите оние места каде што се наоѓа овој колаген, а тоа се, меѓу другото, крвните садови и сврзните ткива. Д -р Линус Полинг препорачал, на пример, високи дози на витамин Ц и Л-лизин за целосно обновување и регенерација на крвните садови.

4. Витамин Е
Овој витамин е познат антикоагуланс кој помага при исхемија на срцето или стеснување на крвните садови. Се користи во превенција од кардиоваскуларни заболувања, како и при висок крвен притисок.

Ако сакате да направите добра работа за крвните садови, земајте најмалку две од следниве намирници богати со витамин Е секој ден:

бадеми
авокадо
лешници
семки од сончоглед
тиква
спанаќ
киви
брокула
домати

5. Ѓумбир

Овој моќен корен има силни антиинфламаторни својства, а содржи и салицилати кои можат да спречат згрутчување на крвта и затнување на крвните садови. Со земање ѓумбир сигурно можете да превенирате мозочен и срцев удар.

6. Куркума

Исто како и ѓумбирот, куркумата е еден од исклучително здравите зачини со антиинфламаторно дејство. Една од главните состојки на куркумата – куркумин – има антикоагулантни својства, што значи дека ја разредува крвта и спречува формирање на згрутчување. Затоа, ако сe уште не сте го направиле тоа, збогатете го оброкот со овој жолт зачин или земете го во поголеми дози во форма на додатоци во исхраната.

Забелешка: За подобра апсорпција, комбинирајте куркума со црн пипер или малку маснотии како кокосово масло.

7. Каенски пипер
Каенскиот пипер е всушност многу повеќе од обичен зачин. Содржи високо ниво на салицилати кои делуваат спречувајќи згрутчување на крвта. Покрај тоа, каенскиот пипер го намалува крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата. Значи, тоа е одличен сојузник на здравјето на вашето срце и крвните садови.

8. Цимет
Дефинитивно треба да земате цимет ако сте изложени на зголемен ризик од проширени вени или атеросклероза. Овој миризлив зачин содржи активна состојка кумарин, која делува со разредување на крвта, или има антикоагулантни својства. Циметот исто така го регулира крвниот притисок и ги намалува воспалителните процеси во телото.

Фото: Pexels