Природни превентивни мерки од ковид 19

Како ефикасна превентивна мерка ајурведата препорачува секојдневно консумирање куркума со мед и топла вода пред спиење, а има и уште еден едноставен и ефикасен предлог - чај со каранфилчиња, црн пипер, мало парче ѓумбир и неколку лисја босилек

0
324

„Вирусот во телото може да навлезе на неколку начини: преку уста, нос или преку очи. Редовниот третман со насја масло на овие делови, нема да дозволи вирусот да преживее или ќе го превенира неговото навлегување.
Како ефикасна превентивна мерка ајурведата препорачува секојдневно консумирање куркума. Може да консумирате куркума со мед и топла вода пред спиење.
Наутрo, на празен стомак, додадете 1 лажичка сок од ѓумбир во топла вода и испијте ја. Ова ќе ви помогне да ја намалите иритацијата на грлото.

Исто така, можете да направите и чај со 2 до 3 каранфилчиња, црн пипер, мало парче ѓумбир и неколку лисја од  босилек. Здробете ги сите и оставете ги да зовријат во чаша вода, околу 10 минути.

Вака приготвениот чај пијте го еднаш или два пати дневно, ќе ви помогне да се намали воспалението, болката и секретите. Пијте доволно количество вода.

Фото: Unsplash