Природен лек против депресија

Овој ајурведски рецепт за лимонада со куркума и кардамом покажал одлични резултати како природен лек кој може да помогне во борбата против депресијата.

0
556

Овој период на пандемија и неизвесноста околу тоа колку уште ќе трае, но и незнењето во врска со новите соеви кои постојано се појавуваат и стравот дека ниту прележаните, ниту вакцинираните не се сосема безбедни кога станува збор, на пример, за најновиот, индискиот сој на вирусот, доведува до депресивно расположение кај многу луѓе. Ако на ова се додаде и тоа што многу од нас изгубивме по некој близок, само придонесува за депресијата.

Бидејќи никој не видел фајде од лековите против депресија, барем не од оние кои си ги земаме како да се бонбончиња, на пример, хелекс, диазепамчиња, лексилиумчиња и слични, не може да ни наштети ако се обидеме со некои природни лекови.

На пример, еден ајурведски рецепт за лимонада со куркума и кардамом покажал одлични резултати како природен лек кој ќе помогне во борбата против депресијата.

Куркумата се покажа како моќно орудије кое се бори против повеќето болести. Помога во превенција од развој и трансформација на канцерогените клетки. Помага при Алцхајмерова болест и во борба против рак на кожа, го намалува ЛДЛ холестеролот, се користи кај нарушувања на желудникот, артритис, заболувања на црниот дроб, хепатитис, итн.

Како да ја користите за оваа намена?

Постојат многу ајурведски методи, суплементи и  лекови за борба против депресијата. Истражувањата откриле дека активната состојка куркумин, која е присутна во коренот на растението, е ефикасна против големо депресивно нарушување, на ист начин како и најмоќните лекови. Но, за разлика од нив, куркумата не предизвикува никакви несакани ефекти.

Рецепт за лимонада со куркума и кардамом

Состојки:

4 чаши филтрирана вода 

2 лажички свежа рендана куркума или куркума во прав и исто толку кардамом

4 лажички јаворов сируп, мед или стевија

Сок од 1 ½ лимон или портокал

Прстофат црн пипер

Измешајте ги сите состојки и послужете ги со парче лимон. Пијте го еднаш дневно, но без мраз.

Фото: Unsplash