Претурете го омилениот пијалок од чаша во калапи за сладолед

Ледените лижалки со вкус на вашиот омилен летен пијалок воопшто не се недостижен деликатес. Се разбира, ќе ви требаат џин и тоник и неколку додатоци.

0
217

За овој леден деликатес, освен џин и тоник ќе ви требаат и неколку додатоци, како нане или краставица. Може да додадете и сок од лимон или лимета.

Состојки:

6 тркалца краставица

6 ливчиња мента

75 мл џин

250 мл тоник

50 г шеќер (по желба)

Приготвување:

Измешајте во еден сад џин, тоник и шеќер додека шеќерот не се растопи. Подгответе калапи за сладолед и ставете парче краставица и нане во секој. Поделете ја мешавината од џин и тоник на калапите и ставете ја во замрзнувачот најмалку четири часа, по можност преку ноќ.

Рецептот е од ТУКА.