Претворете ги шолјите во грамови – брзо и едноставно

Во повеќето рецепти како мерка наместо грамажа се споменуваат шолји. За да ви го олесниме правењето колачи, ги претворивме шолјите во грамови.

0
199

Во странските рецепти, шолјата е главната мерна единица за намирници, и тоа онаа од 250 мл, но кај нас тоа сè уште не е случај. Ние уште се потпираме на вагите од причина што мерните шолји не се достапни за секого и некако сме навикнати на грамови. Од таа причина, решивме да ги претвориме вашите шолји во грамови и да го олесниме готвењето и печењето колачи според наши и странски рецепти.

Путер

1 шолја путер = 227 гр
¼ шолја путер = 57 гр
1/3 шолја путер = 76 гр
½ шолја путер = 113 гр

Брашно и шеќер во прав

¼ шолја = 32 гр
1/3 шолја = 43 гр
2/3 шолја = 85 гр
¾ шолја = 96 гр
1 шолја = 136 гр

Овесни снегулки

¼ шолја = 21 гр
1/3 шолја = 28 гр
½ шолја = 43 гр
1 шолја = 85 гр

Обичен шеќер

¼ шолја = 50 гр
1/3 шолја = 67 гр
½ шолја = 100 гр
2/3 шолја = 134 гр
¾ шолја = 150 гр
1 шолја = 201 гр

Кафеав шеќер

¼ шолја = 55 гр
1/3 шолја = 73 гр
½ шолја = 110 гр
1 шолја = 220 гр

Мед, меласа и сируп

¼ шолја = 85 гр
1/3 шолја = 113 гр
½ шолја = 170 гр
2/3 шолја = 227 гр
¾ шолја = 255 гр
1 шолја = 340 гр

Уште некои важни мерки

1 шолја парчиња чоколадо = 152 гр
1 шолја какао во прав = 128 гр
1 шолја сецкани ореви = 122 гр
1 шолја кокосово брашно = 71 гр
1 шолја цели ореви = 99 гр

И, конечно, уште една мала забелешка: ако се спомнува шолја во рецептот, тоа е претежно шолја со волумен од 250 милилитри, но можете да користите која било шолја, важно е односот на намирниците да е ист како во рецептот.

Фото: Pixabay