Први, па совршени

Нашиот читател Стефан Русевски кому веќе одамна му здодеале индустриските лебови, но и оние од машина, како и постојано да чека некој дома да му замеси, викендов решил да ги засука ракавите и ...воала!

0
287

Кога еднаш ќе почнете да правите и да јадете домашен леб, се потешко ќе ви биде оние денови кога нема да направите, да ги ‘сварат’ оние индустриските. Затоа нашиот читател решил викендов да се обиде самиот, секако, слушајќи ги инструкциите на жена му.

Состојки:

750 г брашно

400 мл вода

1 квасец

1 лажичка шеќер

100 мл маслиново масло

Приготвување:

Се замесува тесто од состојките и се остава на топло да нарасне двојно.

Се обликуваат мали лепчиња и се засекуваат одозгора, па се оставаат покриени со крпа барем уште половина час.

Се печат, а на крајот се попрскуваат со вода и се виткаат во памучна крпа.

Како за првпат, овие лепчиња изгледаат навистина фантастично, нели?