Првите пролетни тиквици нека бидат вашиот ручек за денес

На барање на една наша читателка еве еден предлог за брз и лесен ручек од првите пролетни тиквици, само кратко потпечени во рерна, за да останат сочни, наместо крцкави

0
320

Печените тиквички се совршен избор за брз и лесен пролетен ручек, без оглед дали ги јадете како главно јадење или како прилог.

На барање на нашата читателка ви го претставуваме најдобриот и највкусниот, а истовремено и најлесниот и најбрзиот начин за подготовка на печени тиквички. Во комбинација со сирење и избрани зачини, овие тиквички ќе ве потсетат на вкусот на италијанската кујна.

Ако сакате крцкави печени тиквички, исечете ги на потенки тркалца, а ако сакате да ја задржите сочноста на младите пролетни тиквички, исечете ги на подебели тркалца.

Состојки:

2 тиквички со средна големина
1 лажица маслиново масло
1/2 лажиче сол
1/2 лажичка црн пипер
200 г пармезан

Приготвување:

Вклучете ја рерната да се загрева до 200 Целзиусови степени. Исечете ги тиквичките на тркалца и ставете ги во поголем сад. Во тиквичките додадете сол, црн пипер, маслиново масло и 100 гр пармезан, и добро измешајте со рака.

Распоредете ги врз хартија за печење, ставете ги во загреана рерна да се печат 5 минути, потоа извадете ги од рерната и поросете ги со остатокот од пармезанот, па вратете ги во рерна уште 3 до 5 минути да се допечат.

Фото: Unsplash