Ако ви е потребна промена на секојдневното мени, обидете се со оваа комбинација. Наместо шопска, направете си салата со праски и домати. Додадете и неколку ливчиња свеж босилек или нане.
Состојки:
1/2 главица црвен кромид, тенко исечен
1 лажица вински оцет
сол и црн пипер
1 црвен и 1 зелен домат
2 нектарини
2 лажици маслиново масло
лисја од босилек
парче фета сирење
Приготвување:
Во мал сад, измешајте ги кромидот и оцетот со 1/4 лажичка сол. Оставете ги 5 минути.
Исечете ги доматите и праските и наредете ги во чинијата.
Додадете масло во мешавината од кромид и оцет и прелијте врз овошјето, а потоа поросете со босилек, црн пипер и ставете го сирењето, цели или на коцки.
Рецептот и фотографијата се од ТУКА.