Почетничка торта со сезонски јагоди

Дојде време за една од оние вкусни и лесни торти со свежи јагоди што знае да ги направи и мало дете.

0
178

Состојки:

2 пакувања пишкоти

800 г павлака

свежи јагоди

Приготвување:

Земете една правоаголна тепсија и веднаш почнете да редите еден ред пишкоти, кои ќе ги премачкате со обична кисела павлака. Не се става шеќер бидејќи пишкотите се доволно благи. Врз павлаката наредете еден ред јагоди, па потоа ставете уште еден ред пишкоти, па повторно павлака и завршувате со јагоди.

Тука навистина никој не може да згреши, па ако имате деца, дозволете им да ја направат сами. Сепак, за јадење ќе мора да почекате до следниот ден, а во меѓувреме, ставете ја повисоко во фрижидерот.