Посен чоколаден колач со вишни

Оваа торта не содржи состојки од животинско потекло, а наместо бело, за да добиеме нутритивно побогат десерт, ставивме интегрално брашно

0
486

Состојки:

2 шолји интегрално брашно

3 полни лажици какао

1 прашок за пециво

Прстофат сол

1 шолја кисела вода

½ шолја кокосово масло

100 г кафеав шеќер

2 кесички ванилин шеќер

3 полни лажици џем од сливи

50 г оревчиња (по желба)

1 шолја исчистени вишни

Црно чоколадо за прелив

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исчистете ги вишните од семки.

Ставете во калапот за торта (22 цм) хартија за печење.

Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот. Додадете ја киселата вода, омекнатото кокосово масло, пекмезот од сливи и сечкани оревчиња по желба и измешајте со миксер. Додадете ги на крај и вишните и полека измешајте со лажица.

Ставете ја смесата во калапот и печете 30-35 минути.

Откако ќе се подолади, прелијте го колачот со растопено чоколадо во кое ќе додадете малку вода и 1 лажичка кокосово масло. Украсете со вишни.