#ПосенПеток: Што ни преостанува друго освен вкусна посна трпеза

Пржена риба, салата од компир со црвен кромид и пинџур од модри и црвени домати и многу лук. Епа не е исто, варена и риба во рерна, демек на здрав начин и пржена, демек нездрава, ама највкусна варијанта... што е право, право е!

0
374

Епа тоа е… А има човек слободно време, веднаш паметот му оди кај храната. Посно непосно, има голем избор за да си направи човек богата и вкусна трпеза.

Пржени парчиња риба (ослиќ) претходно извалкани во малку брашно и сол, превкусен пинџур од модри и црвени домати и многу лук и магдонос и салата од варени компири со црвен кромид, сол, црн пипер и се разбира, многу маслиново масло и сок од лимон.

Празник е, нели?