#ПосенПеток: Крцкав лосос

Лососот не е свеж, туку замрзнат, ама вака извалкан во малку брашно и испржен на многу малку маслиново помас масло, во грил тава, е навистина многу вкусен. Уште и кога ќе додадете малку од солените марокански лимони....

0
325

За овој #ПосенПеток си направивме лосос, иако неодамна го имавме на ‘репертоарот’ подготвен во рерна. Овојпат го извалкавме во малку брашно и го испрживме на многу малку маслиново помас масло во грил тава. Искрено, вака подготвен и крцкав е многу повкусен.

Ги премачкавме со изблендирани солени марокански лимони, направивме зелена салата и ете вкусен посен петочки оброк.