Помалку месо, повеќе зелен чај… Што да јадете за подолг и поздрав живот?

Истражувањето идентификувало вкупно пет области во светот кадешто луѓето живеат најдолго, и тие се движат од Јапонија до Грција. Заедничко за сите овие места е растителна исхрана и консумирање оброци со месо пет пати месечно.

0
315

Иако генетиката игра голема улога во долговечноста, исхраната е подеднакво важен фактор, тврди msn.com и препорачува пет навики во исхраната што ќе ги зголемат шансите за подолг живот.

Консумирање на овошје и зеленчук

Студијата објавена во British Medical Journal открила дека поголема потрошувачка на овошје и зеленчук е поврзана со помала смртност од сите болести, особено од срцеви заболувања.
Препорачаната минимална дневна доза е пет порции, и иако е дозволена поголема консумација, истражувањата не покажале дека повеќе од пет порции ја намалуваат шансата.
Пет порции се однесуваат на две порции овошје и три порции зеленчук, а се препорачува да се консумира овошје како дел од појадок и како дел од попладневна ужина. Потрошувачката на зеленчук се препорачува во сооднос од 1 до 2, односно една порција треба да се јаде за ручек и две за вечера. Секако, секогаш постои можност за комбинација во форма на смути или салата.

Вклучете јаткасти плодови во вашата исхрана

Покрај тоа што се богати со бројни хранливи состојки, студијата спроведена на над 7.000 мажи и жени покажала дека оние кои биле на медитеранска исхрана базирана на јаткасти плодови покажале најмал ризик од смртност.
Јаткасти плодови може да се додадат во салати, варен зеленчук и други јадења, а со исечкани плодови може да похувате риба. Секако, може да се користат и како брашно при подготовка на палачинки.

Јадете оброци без месо

Оброците без месо треба да се консумираат неколку дена во неделата,а не само еден ден. Во прилог на ова е и студијата која идентификувала вкупно пет светски области кадешто луѓето живеат најдолго, и тие се движат од Јапонија до Грција.
Заедничко за сите овие места е растителна исхрана и консумирање на оброци со месо пет пати месечно, а секој оброк со месо да не е поголем по површина од површината на шпил карти.
Месото лесно можете да го замените со грашок, грав и наут.

Вашата исхрана нека биде медитеранска

Поради големиот процент на овошје и зеленчук, цели зрна, мешунки, здрави масти од јаткастите плодови, маслиново масло, авокадо и други клучни состојки, медитеранската исхрана е клучна за подолг и поздрав живот.
Подолгиот живот е поврзан со подолга линија на ДНК, што покажа истражувањето, е подолг кај оние чија исхрана е медитеранска.
Можете да вметнете елементи на оваа исхрана во вашите оброци со замена на маслото со маслиново масло или авокадо на тост, грицкање на јаткасти плодови и конзумирање риба и мешунки.

Пијте зелен чај

Постарите Јапонци пијат седум или повеќе шолји зелен чај на ден, а истражувањата покажале дека имаат 76 отсто помали шанси за смртност.
Зелениот чај може да се пие, но исто така и да се додава во овесна каша, смути и да се вметнува во маринади, супи и други јадења. Покрај тоа, еден вид зелен чај може да се најде и во форма на прав, а тоа е мача чајот.

Фото: Pixabay