Погачици од чварки

Сите имаме по некој рецепт од мама, запишан во тетратка, онака како што ни објаснила таа. Ова е рецептот од мајката на нашата читателка Ана, мама Марија Радованац

0
305

Состојки:

250 г мелени чварки

1/2 кг брашно

3 жолчки

200 мл млеко

1 квасец

1 лажица свинска маст + 150 г за премачкување

сол по вкус

Приготвување:

Се замесува тесто и се остава 15 минути да мирува.

Се развива кора и се премачкува со свинска маст, па се витка, повторно се расукува како кора и пак се премачкува и се витка (вкупно 4 пати + уште 2 пати без премачкување, само да се одмара по 10-15 минути).

На крајот се расукува уште еднаш како кора и се вадат погачиците со чаша па се редат во подмачкана тепсија. Се оставаат пола час. Потоа се засекуваат одозгора со нож, се премачкуваат со жолчка и се поросуваат со сусам, ким или нешто друго по ваш избор.

Се печат во загреана рерна.