Печена пченка со пармезан и со путер

Печената пченка е неизбежен дел од летото без разлика дали го подготвувате на скара или во рерната.

0
441

Ако повеќе сакате печена наместо варена пченка, не мора да имате скара. Ќе ви заврши работа и вашата рерна. И не само тоа. Традиционалниот рецепт може да се збогати со рендан пармезан и путер за да добиете уште повкусно јадење.

Еве многу едноставен рецепт за вкусна пченка која ќе биде готова за само 25 минути и вклучува само пет состојки.

Состојки:

Пченка
50 грама рендан пармезан
3 лажици омекнат путер
сол и црн пипер по желба

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 190 Целзиусови степени.

Преполовете ги пченките.

Премачкајте ја секоја половина со путер што претходно бил оставен на собна температура за да омекне малку. Секоја половина извалкајте ја во пармезан. Додадете сол и црн пипер по желба.

Ставете ги пченките во тепсијата за печење и ставете ја во рерната. Печете ги околу 25 минути. Пченката подготвена на овој начин може да се сервира со печено месо, крцкави компири и сезонска салата. Или изедете си ги така.

Фото: Unsplash