Пет минути на ден вдишувајте го мирисот на рузмарин и ќе ја подобрите меморијата за 75 отсто

Рузмаринот е неверојатно здрава билка која се користи како традиционален лек со векови. Се употребува за многу болести, а најкорисен е за оние луѓе кои имаат проблеми со меморијата

0
271

Истражувањата покажале дека рузмаринот содржи карнозична киселина која се бори против токсичните елементи кои го зафаќаат мозокот.

Во современата медицина рузмаринот се користи како аналгетик за мигрена, како и за дигестивни проблеми.

Рузмаринот содржи природни состојки кои му даваат протеини на нашиот мозок, што позитивно влијае на функцијата на мозокот, па мозокот размислува побрзо и побрзо донесува одлуки. Студиите покажуваат дека рузмаринот исто така ги поправа оштетените ДНК клетки.

Студија спроведена на рузмаринот, каде луѓето вдишувале есенцијално масло од рузмарин, покажале дека резултатите се извонредни, првата група на луѓе имала 60 до 75 проценти поголема шанса да запомни работи за разлика од групата која не вдишувала есенцијално масло од рузмарин.

Истражувањата покажале постоење на хемиски соединенија одговорни за нашата меморија. Главниот елемент што ја зголемува нашата меморија е цинеолот. Ова истражување покажува дека луѓето кои користеле рузмарин во одредени дневни задачи имаат подобри резултати.

Рузмаринот е ефикасен во борбата против промените на расположението, стресот, меморијата и ја подобрува брзината на размислување. Колку повеќе кинеол се апсорбира, толку повеќе позитивни резултати ќе постигнете.