Откриени изненадувачки ефекти на јогуртот врз имунитетниот систем

Израелска студија открила дека јогуртот ја враќа телесната рамнотежа во борбата против ковид-19.

0
543

Многу луѓе консумираат јогурт затоа што се свесни за неговите придобивки од калциумот, пробиотиците и протеините до ненадејната леснотија на консумирање кога ви треба нешто здраво и брзо.

Една од постојаните грижи поради млечниот јогурт е дека, како и за некои други млечни производи, се сметало дека предизвикува воспаленија во телото, што може да доведе до некои инфекции, болести и пореметувања.

Сега израелска студија открила дека пробиотиците во производите од јогурт всушност можат да го намалат воспалението за да го зајакнат имунолошкиот систем, вклучително и против ковид-19.

Секако има многу луѓе кои се чувствителни на млечни производи или кои мораат целосно да ги избегнуваат. За другите, кои можат да јадат и да уживаат во тоа, во последните години се водела расправа во делови од медицинската заедница.

За луѓето кои го сметаат јогуртот за здрава, сигурна прехранбена намирница, сега има возбудливи вести. Имено, двајца истражувачи кои спровеле универзитетско истражување во Израел откриле дека молекулите од пробиотиците во кефирот (течен пијалок што е многу сличен на јогуртот) значително го намалуваат нивото на зараза на агенсот што предизвикува колера.

Во следната студија, научниците откриле дека истите молекули имаат и антиинфламаторно дејство против некои модели на вирусни заболувања. Тоа ја вклучувало „цитокинската бура“, што е имунолошки одговор што е откриен како главна причина за смрт кај пациенти со ковид-19. „Нашето истражување за првпат осветлува механизам со кој млечните ферментирани пробиотици можат да штитат од патогени инфекции и да му помогнат на имунитетниот систем“, рекол професорот Раз Јелинек, потпретседател за истражување и развој на универзитетот Бен Гурион од Негев.

Ова веројатно ќе доведе до повеќе истражувања поради подобро разбирање… но во меѓувреме, наодите од оваа студија може да бидат уште една причина да се фатите за јогуртот.

Фото: Pixabay