Освен за желудникот и цревата, овесот е одлична намирница и за срцето

Бета-глуканите во овесот го намалуваат холестеролот во крвта и со тоа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

0
304

Овесот е многу здрава житарка. Богата е со минерали, витамини А, Е, К, лецитин (компонента која го храни мозокот и ја подобрува меморијата), содржи вредни олеински и линоленски масни киселини во добро избалансиран размер и е единствената житарка што има повеќе протеини отколку јаглени хидрати.

Има корисен ефект врз дигестивниот систем

Богат е со баластни материи, па затоа благотворно делува на дигестивниот систем. Препорачливо е да го јадете редовно за појадок затоа што дава енергија и обезбедува долго чувство на ситост, без да внесувате премногу калории, јаглехидрати или масти. Составот на јаглехидрати во овесот е таков што полека се вари и полека влегува во крвта, што обезбедува постојан извор на енергија, без нагли промени во нивото на шеќер во крвта, такашто нема напади на глад.

Освен за стомакот и цревата, тој е исто така одлична храна и за срцето бидејќи бета-глуканите во овесот го намалуваат холестеролот во крвта и со тоа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Покрај тоа, зрната од овес се многу богат извор на калциум, што е исклучително важно за одржување на здравјето и силата на коските.

Фото: Pixabay