Од едно тесто, и солени и слатки кифлички

Рецептот за ова тесто веќе го објавивме, но сега првпат го испробавме и, нормално, го модифициравме

0
195

Неодамна го објавивме рецептот за тестото од кое може набрзина да се направат и солени и благи кифлички. Се разбира, мораше и да го испробаме и да го модифицираме. Останува дека е ова навистина рецепт кој се прави многу брзо.

За нашиов модифициран рецепт за ова тесто од кое можете да направите и солени и слатки кифлички, ќе ви требаат следниве состојки:

1 јајце

1 жолчка

300 мл топло млеко

1 сув квасец

1 лажичка мед

50 г растопен путер

600 г бело брашно

200 г пченкарно брашно

За полнење:

сирење со белка за солените и џем и оревчиња за благите кифлички

Приготвување:

Во еден сад ставете го брашното, квасецот и медот. Додадете го млекото и растопениот путер и замесете меко тесто.

Оставете го тестото да одмори и да нарасне 30 минути. Од тестото направете 5 топчиња и едно по едно расукувајте ги во мали кори, расечете ја секоја на 8 дела и во едните кифли ставете сирење, премачкајте ги со жолчка и поросете ги со сусам. Додека тие се печат, направете ги кифличките со мармалад по ваш избор и ставете по неколку сечкани оревчиња, завиткајте ги и премачкајте ги со жолчката.

Се печат по 20 минути.