Од брашно, масло, вода, сол и 1 тајна состојка: лесно и брзо направете тесто во боја (ВИДЕО)

Ако отсекогаш сте им се восхитувале на шарените тестенини, сега можете лесно да ги направите дома. Не ви требаат многу состојки за тестото, а за да го обоите, ви требаат магдонос, куркума, цвекло и доматно пире.

0
431

Тестенините направени на овој начин ќе ги израдуваат сите и ќе ја красат масата. Ако е потребно за полесно да го замесите тестото, додадете повеќе вода или брашно.

Тесто од магдонос:

една рака свежи лисја од магдонос
5 лажици вода
2 лажици масло
125 г универзално брашно
малку сол

Приготвување:

Измешајте ги магдоносот, водата и масло. Соединете ги со миксер, па процедете, а добиениот сок истурете го во брашното и солта. Месете го тестото додека не се изедначи, па завиткајте го во фолија и оставете да отстои половина час.

Тесто од куркума:

1 лажица куркума во прав
2 лажици масло
5 лажици вода
125 г брашно
малку сол

Приготвување:

Измешајте ги куркумата, маслото и водата. Додадете ја добиената мешавина во брашното и солта, а потоа замесете мазно и тврдо тесто. Завиткајте во фолија и оставете да се одмори.

Тесто од цвекло:

1 мало или половина сварено цвекло
2 лажици масло
5 лажици вода
125 г брашно
малку сол

Приготвување:

Ова тесто се прави исто како и претходните. Измешајте ги цвеклото, маслото и водата со блендер, а потоа додадете ги во брашното и солта. Замесете мазно и тврдо тесто и завиткајте го во проѕирна фолија.

Тесто од доматна паста:

2 лажици масло
2 лажици доматно пире
4 лажици вода
малку сол
125 г брашно

Приготвување:

Добро измешајте ги водата, маслото и доматното пире и додадете ги во брашното и солта. Месете додека не добиете мазно и тврдо тесто. Ставете го тестото во проѕирна фолија да одмори 30 минути.

Тестото можете да го чувате во фрижидер еден или два дена завиткано во проѕирна фолија.

Фото: PRINTSCREEN/YT/NINIK BECKER