Овие есенски плодови се најдобриот извор на здравје

Кои се здравствените придобивки од највкусните есенски плодови, кои есенва дефинитивно треба да бидат на вашата трпеза.

0
393

Покрај боите на природата кои повторно и повторно не маѓепсуваат, не смееме да ја заборавиме и шареноликоста и разновидноста на здравите есенски плодови.

Еве кои се здравствените придобивки од неколку вкусни есенски плодови, кои дефинитивно треба да се најдат на вашата трпеза.

Киви

Тие се вистински извор на витамин Ц, и само еден плод содржи дури 120% од препорачаната дневна количина на овој витамин. Неговата енергетска вредност е мала, па затоа се смета за совршен диететски производ. Се препорачува за секого, особено за луѓе со слаб имунолошки систем и висок крвен притисок.

Мандарини

Содржат голем број состојки кои го штитат нашето тело од болести, вклучувајќи ги витамините Ц и А. Не случајно мандарините созреваат токму во време на настинки и вируси, па затоа се препорачува да се користат токму како превентива од грипот. И што е многу важно – мандарините не ја загрозуваат вашата линија.

Костени

Костените се разликуваат од останатите јаткасти плодови по помалата содржина на маснотии и поголема содржина на скроб. Тие се исто така единствениот јаткаст плод што содржи витамин Ц, а исто така е извор на витамин Б6, како и калиум и фолна киселина.

Ореви

Оревите содржат голема количина маснотии, па затоа се сметаат за вистински енергетски бомби. Важно е да се напомене дека станува збор за повеќекратно незаситени масти, т.е. за оние кои се пожелни во исхраната на секој човек.

Грозје

Заслужно е за голем број позитивни ефекти врз здравјето на луѓето, особено кога станува збор за зачувување на кардиоваскуларниот систем. Важен минерал кој е составен дел од грозјето е борот, а адекватното количество бор е клучно за одржување на здрави коски.

Пченка

Нутритивно вредна намирница што не го оптоварува телото со дополнителни калории, со оглед на тоа што еден клип содржи 80 до 100 калории. Богата е со јаглени хидрати и малку маснотии, па затоа е извор на брзо достапна енергија. Покрај тоа, пченката содржи витамини Б1, Б5, Ц, фолна киселина, фосфор, калиум и магнезиум.

Шипинки

Шипинките се плод на дива роза и содржат 100 пати повеќе витамин Ц од јаболката. Покрај витамин Ц, содржат и значителна количина на витамин Б комплекс и каротин, а од минерали содржи многу фосфор, калиум, калциум и железо, додека во семките има витамин Е.
Во народната медицина се користи за сузбивање на грипот, елиминирање на запек, забрзување на циркулацијата и лекување на анемија.

Јаболка

Свежите јаболка содржат околу 83 проценти вода, а нивната енергетска вредност е 58 калории на 100 грама. Јаболкото исто така содржи органски киселини, а од шеќер, глукоза, фруктоза и малку сахароза, витамини А, Б и Ц. Ја намалува апсорпцијата на холестерол и маснотии во цревата и потребата од грицкање затоа што дава силно чувство на ситост.
Јаболката се есенско овошје кое има многу голема диететска вредност. Тие се даваат при анемија, авитаминоза и дигестивни проблеми.

Круши

Ова слатко овошје брзо го елиминира гладот, а истовремено дава сила и потребната дневна енергија. Содржи сорбитол, корисен за зајакнување на забите. Крушите се одличен извор на диетални влакна, кои имаат лековито дејство прво на дигестивниот систем, а потоа и на кардиоваскуларниот систем со намалување на крвниот притисок и регулирање на нивото на холестерол во крвта.
Антиоксидансите во крушата нè штитат од ефектите на слободните радикали и со тоа го зајакнуваат имунитетот. Крушата содржи минерал бор, кој има способност да го задржи калциумот и со тоа да го намали ризикот од остеопороза.

Уживајте во придобивките од здравата храна што пристигнува со есента, и која сигурно ќе ја разбуди вашата имагинација кога ќе ја донесете во вашата кујна.

Фото: Pixabay