Еве еден извонреден рецепт во кој многу лесно ќе искомбинирате и додатоци како што се банани и бобинки, разни семиња и домашна гранола.
Најдобриот дел е тоа што својот појадок можете да го подготвите два дена однапред и да го чувате во фрижидер до послужувањето. Ако сè уште не сте пробале, задолжително испробајте!
Состојки:
50 г овесни снегулки
120 ml бадемово или некое друго млеко
½ лажица чиа семе
2 лажици путер од кикирики
1 лажица мед
Приготвување:
Во тегла или сад измешајте ги бадемовото млеко, чиа семето, путерот и медот. Додадете ги овесните снегулки и добро измешајте. Покријте со пластична фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ. Послужете го следното утро со додатоци.
Фото: Unsplash