Ова тесто со путер е вкусна и испробана подлога за најразлични филови

Овојпат ова тесто кое е најпознато како тесто за американската пита со јаболка, го направивме во втората најчеста варијанта - со тиква

0
188

Рецептот за тестото побарајте го ТУКА. Имајте предвид дека можете да направите и само едно тесто и да му ставите фил. Овојпат ние направивме само едно топче тесто, без кора за одозгора.

Откако тестото ќе го ставите во фрижидерот, подгответе го филот.

Состојки за филот:

Околу 800 г тиква

3 јајца

150 г млеко

ванилин шеќер

цимет

свеж ѓумбир по вкус

шеќер – нема

Приготвување:

Тиквата исчистете ја и исечкајте ја на коцки, па ставете ја во тенџере, додадете вода и варете ја на тивко околу 15 минути, односно додека тиквата не омекне.

Сварената тиква исцедете ја и ставете ја во друг сад. Додадете ги останатите состојки и мешајте додека смесата не стане компактна.

Потоа земете го тестото, расукајте го и ставете го во сад за печење, избоцкајте го со вилушка по дното и одозгора ставете еден дел од филот, наросете цимет, па распоредете го остатокот од филот. Ставете во загреана рерна и печете околу еден час на 180 степени.