Ова потценето овошје е одлично за ублажување на надуеноста и за поддршка на варењето

Според клиничкото испитување објавено во American Journal of Gastroenterology, кивито може да биде најдоброто овошје за ублажување на надуеноста и за правилна функција на дебелото црево

0
368
Фото: Pexels

Тешкото чувство на надуеност не тера да пробаме се за да го олесниме непријатното чувство во стомакот. Според клиничкото испитување објавено во American Journal of Gastroenterology, кивито може да биде најдоброто овошје за ублажување на надуеноста и за правилна функција на дебелото црево

Како може да помогне кивито?

Кивито има долга историја на употреба во традиционалната кинеска медицина заради неговата способност да помогне во варењето. Тој е полн со растителни влакна кои се одлични за да помогнат во работата на дебелото црево. Исто така, содржи специјален протеолитички ензим, наречен актинидин, кој помага во разградувањето на протеините.

Во споредба со другите добро познати овошја и растителни влакна добри за варењето (суви сливи и псилиум), кивито е на врвот.

За време на експериментот, научниците поделиле 79 учесници во три групи: првата добила две зелени киви; другата добила 100 грама суви сливи (патем, тоа е околу 10 сливи со просечна големина); а третата добила 12 грама псилиумски влакна. Секоја група консумираше овошје или влакна секојдневно во текот на четири недели.

За тоа време, секојдневно забележувале надуеност и варење за да ги проценат симптомите. По период од четири недели, тие биле повторно оценети. Како изгледале надуеноста и варењето и колку добро ја толерирале нутриционистичката интервенција?

Иако сите три стратегии за исхрана помогнале да се зголеми брзината на столицата, конзистентноста на столицата и да се олесни варењето, само кивито ја намалило надуеноста. Кивито имало најдобар профил на несакани ефекти. Учесниците кои јаделе киви имале помала веројатност да почувствуваат непријатност во стомакот после јадење на овошјето, можеби затоа што кивито исто така има малку FODMAPS (вид на јаглехидрати со краток синџир).

Со други зборови, можете да го ставите кивито на листата на хранливи материи кои помагаат во варењето и ја олеснуваат надуеноста.

Заклучок:
Кога станува збор за поддршка на варењето и ослободување од надуеноста, кивито е на врвот – барем, според ова истражување. Мноштвото учесници сметале дека е корисно и генерално немале несакани ефекти. Добро е да се знае дека ова кисело овошје го подобрува здравото варење.

Фото: Pexels