Оваа храна може да ве излечи од настинка

Еднаш кога сезоната на настинки и грип е отворена, со сите сили се трудиме да го зајакнеме својот имунолошки систем…

0
456

Ги преземаме сите превентивни мерки па почесто ги миеме рацете, пиеме многу течности, внимаваме, но изгледа како да е речиси невозможно да се избегне настинката (според некои истражувања, повеќето возрасни лица настинуваат 2-3 пати годишно). Но иако е понекогаш невозможно да се избегне настинката, правилната исхрана може да го скрати нејзиното траење.

Овошјето и зеленчукот се најдобар избор затоа што се преполни со витамини и минерали кои го јакнат имунолошкиот систем, а можат да го скратат и времетраењето на настинката. Иако во оваа ситуација може да биде тешко да се внимава на здравата исхрана, нутриционистите препорачуваат да се подготвите однапред и да го наполните фрижидерот со намирници кои се полни со здрави нутриенти.

Супа

Речиси и нема подобро јадење кое може да не утеши кога сме болни од супата. Ако сте се одлучиле за супа од кесичка, секако проверете супата да не содржи премногу натриум, како и да содржи барем малку влакна. Пилешката супа би можела да биде една од најдобрите опции, бидејќи некои истражувања покажуваат дека токму оваа супа би можела да има противвоспалителни својства кои ги намалуваат симптомите на инфекциите на горните дишни патишта.

Лековити билки и зачини

Билките и зачините веќе долго се користат како природни лекови. На пример, лукот и куркумата се извонредни за јакнење на имунолошкиот систем и борбата против микробите кои го напаѓаат нашето тело кога сме болни. Една студија спроведена пред неколку години покажала дека лицата кои 3 месеци консумирале додатоци во исхраната во форма на лук, биле во просек поретко настинати од луѓето кои земале плацебо таблети. Уште подобра опција е сировиот лук кој содржи алицин – соединение кое произведува антиоксиданси, кои потоа се борат против бактериите, вирусите и габите.

Агруми

Ако сте настинати секако обидете се да консумирате намирници богати со витамин Ц, на пример, портокали и киви. Иако голем број истражувања откриваат дека витаминот Ц всушност не може да ве заштити од настинка, сепак би можел да влијае на нејзиното траење. Меѓутоа, иако некои истражувања докажале дека витаминот Ц може да го намали траењето на настинката, останатите истражувања не успеале да ги потврдат тие резултати. Како и да е, истражувачите се согласуваат дека тоа не е причина да не се обидете со овој метод.

Батат

Бататот е богат со нутриенти како што се витаминот А (кој е всушност антиоксиданс) и витамин B6, а кои играат важна улога во јакнењето на имунолошкиот систем.

Овие ефекти се особено изразени кај постарата популација која би можела да има послаб имунолошки систем.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се богати со антиоксиданси кои го јакнат имунолошкиот систем, како што е витаминот Е. Исто така, тие се одличен извор и на полинезаситени масни киселини, а кои би можеле да помогнат во регулирањето на имунолошкиот систем. Исто така, полинезаситените масни киселини потребни се за правилно функционирање на телото, но сами не можеме да ги произведеме. Затоа е клучно да се консумираат намирници како што се јаткастите плодови, лосос, скуши, сардини. Ленено семе и ореви.

Фото: Pixabey