Нова идеја за здрава, свежа и вкусна салата

Работата е во тоа да најдете добри тиквички и моркови, а тоа значи млади, свежи и локални

0
256

Сѐ што ви треба за оваа здрава и свежа салата се млади тиквици и моркови, млад лук или кромид или и двете, сол, маслиново масло и сок од лимон.

Ги миете убаво тиквиците и морковите. Ако не сте баш сигурни во нивното потекло, тогаш излупете ги. Потоа, со лупачот за компири сечете тенки ленти и ставете ги во чинија за салата. Исечкајте млад кромид или лук, а можете и едно и друго, и зачинете добро со маслиново масло и со сок од лимон. Посолете по вкус.

Ако сакате, можете да додадете и свежи ливчиња нане.

Ете, не мора секогаш да ги обработувате намирниците, особено не кога се свежи.