Најлесен рецепт за чизкејк бомбици

Ви го нудиме рецептот за наједноставeн чизкејк во форма на бомбици каде најтешка задача ќе ви биде да почекате да се изладат во фрижидерот и да бидат подготвени за јадење.

0
439

Чизкејкот е омилен десерт на многу луѓе ширум светот. Тоа е многу флексибилен десерт кој добро одговара со бобинки, јаткасто овошје и чоколадо.

Што е најдобро од сè?

Постојат верзии без печење во рерна. Ние ви нудиме рецепт за наједноставниот чизкејк во форма на бомбици каде најтешката задача е чекањето да се изладат во фрижидерот и да бидат подготвени за јадење.

Состојки:

200 грама крем сирење или несолена урда

100 грама мелени бисквити

25 грама шеќер во прав

прелив од бело чоколадо

По желба можете да ги извалкате и во трошки од кокос

Приготвување:

Извадете го крем сирењето од фрижидер околу половина час пред подготовката за малку да омекне.

Изматете го со шеќерот додека не добиете компактна смеса. Измешајте ги мелените бисквити со кремот и ставете ја смесата во фрижидер најмалку еден час за да се зацврсти. Оладената смеса поделете ја на помали топчиња. Ставете ги во замрзнувач половина час до еден час.

Растопете го белото чоколадо, а потоа прелијте ги изладените топчиња чизкејк и по желба извалкајте ги во кокос. Вратете ги бомбиците во замрзнувач за да се здрви преливот, па ставете ги во кутија и чувајте ги во фрижидер.

Фото: Pixabay