Најдобрата идеја за летните жештини

Сокот од лимон може да се исцеди со обична цедалка за лимон која ја има во секоја куќа. Најпрактично е да го ставите целиот сок од лимон во калап за замрзнување на коцки мраз и кога ќе посакате лимонада само да ставите 1-2 коцки замрзнат лимонов сок во чаша вода

0
354

Лимоните имаат долг рок на траење, но со текот на времето ја губат свежината, се намалуваат, се сушат или ја менуваат бојата. Сините мувлосани лимони исто така не се невообичаени. Но, кога ќе дојдат во таква состојба ќе биде предоцна да го обезбедите вашиот скапоцен сок.
Исечениот лимон на отворено нуди идеална почва за размножување на бактерии од секаков вид, па затоа треба да се консумира во рок од еден ден. Ако не можете да го направите тоа, веднаш исцедете го целиот лимон.

Сокот од лимон може да се исцеди со обична цедалка за лимон која ја има во секоја куќа. Најпрактично е да го ставите целиот сок од лимон во калап за замрзнување на коцки мраз. Кога сокот ќе се замрзне, можете да ги ставите коцките замрзнат сок од лимон во кеса и да си направите повеќе бидејќи во оваа состојба сокот од лимон може да се чува една година. Така, кога ќе посакате лимонада, само ставете 1-2 коцки во чаша со вода и ќе добиете брзо ладна лимонада.