Научете како природно да ја лекувате пневмонијата

Третманот со витамин Ц сè уште е предмет на многу дебати, па ако сакате побезбедни природни варијанти пробајте со некои други здрави намирници и билки. Ви препорачуваме неколку

0
727

Се прашувате дали е можно да се лекува воспалението на белите дробови со витамин Ц? Според некои нови истражувања, се чини дека е можно.

Пневмонијата секако не е безопасна болест. Таа е предизвикана од зараза со вируси или бактерии, а понекогаш и од други микроорганизми, одредени лекови и некои други болести. Пневмонијата предизвикува кашлање, отежнато дишење, треска и болка во градите.

Самото лекување зависи од причината за болеста. Антибиотиците обично се вклучени во лекувањето, но се верува дека тие самите не ја лекуваат пневмонијата, туку лекарите ги даваат во случај да има секундарна инфекција предизвикана од бактеријата. Некои нови извори истакнуваат дека пневмонијата може да се спречи, но и да се лекува со зголемена доза на витамин Ц.

Витамински лек за воспаление на белите дробови

Д-р Ендрју Соул, автор на книгата „Отпуштете го докторот, излекувајте се себеси“, зборува конкретно за лекување со витамин Ц.

Тој тврди дека со одредени дози на витамин Ц може да се излечат грипот и пневмонијата. Колку повеќе сте болни, толку поголема доза на витамин Ц ви е потребна. Ви треба количина која навистина ќе ви помогне, а тоа може да биде многу повеќе отколку што сте очекувале. Имено, самиот Ендрју тврди дека се излекувал земајќи 2000 милиграми витамин Ц на секои 6 минути додека бил буден. Тоа е околу 20.000 милиграми на час. И покрај тоа што многу кашлал, тој продолжил да ја зема дозата, а по три часа температурата паднала и кашлицата се намалила.

Инаку, за препорачаната доза на витамин Ц и денес се расправаат експерти од таа област. Меѓутоа, таа бројка обично се движи од 45 до 400 мг на ден.

Секако, станува збор за таканареченото мегадозирање со витамин Ц, за кое се залагал Линус Полинг, а се верува дека на овој начин може да се лекуваат дури и ракот и исхемичната срцева болест. Дозите на витамин Ц се и до 1000 пати поголеми од препорачаните.

Соул укажува на примерот на дете кое било излекувано на овој начин кога антибиотиците не успеале во тоа. Детето примило 11 дози антибиотици, а болеста се одолговлекувала 12 месеци без значителни резултати. Соул тврди дека ако антибиотиците не помогнат во првите три месеци, никогаш нема да помогнат. Тој ги советувал родителите да му понудат на своето дете витамин Ц во какви било количини што се потребни за да се излечи. Му дале 20.000 мг. Детето спиело цела ноќ и состојбата му се подобрила.

Природни начини на лекување

Третманот со витамин Ц сè уште е предмет на многу дебати, па ако сакате побезбедни природни варијанти пробајте ги и овие билки.

Зголемете го внесот на лук, за кој се верува дека е подобар од кој било антибиотици. Јадете го сиров, изблендирајте го, згмечете го и измешајте го со кисела павлака.

Кога подготвувате оброци, вклучете во нив куркума, црн пипер и ѓумбир. Варете чаеви и збогатете ги со овие билки како зачини.

Чајот од босилек може да биде многу ефикасен против пневмонија. Потребни ви се 2 чаши вода и 2 лажици свеж лист босилек или една и пол лажица сушен. Ако користите свеж босилек, прелијте го со топла зовриена вода и оставете го покриен 5 минути, а ако користите сув, оставете го покриен 10 минути. Процедете и пијте. Додадете малку црн пипер за подобар ефект. Пијте по една чаша на секои 6 часа.

Фото: Unsplash