Направете џем од тиква

Кој вели дека тиквите се користат само за правење пoтажи и пити. Пробајте го рецептот за џем.

0
391

Состојки:

1 кг излупена тиква
3 јаболка
лимон
портокал
500 г шеќер
зачини по желба

Приготвување:

Исечете ги тиквата и јаболката на коцки, ставете ги во тенџереа и прелијте ги со малку вода. Важно е само јаболката и тиквите да не го допираат дното на тенџерето за време на готвењето.
Кога водата врие, намалете ја температурата и варете додека не омекне тиквата.
Потоа, зготвените состојки треба да се измешаат со миксер, да се додадат останатите состојки, шеќер, сок од лимон и портокал и зачини (на пример, цимет).

Гответе уште дваесет минути, мешајќи повремено за да се раствори шеќерот без да изгори џемот.
Истурете ја врелата смеса во суви тегли. Потоа добро затворете ги теглите и свртете ги наопаку. Оставете ги теглите во оваа позиција додека не се олади џемот.

фото: Pixabay