Направете си домашен сејтан како замена за месо

„Пченичното месо“ или сејтанот е една од честите намирници на трпезата на вегетаријанците и веганите. Што е всушност сејтан и како да го направите самите дома?

0
388

„Пченичното месо“ или сејтанот е една од честите намирници на трпезата на вегетаријанците и веганите.

Станува збор за јапонски назив за варен пченичен глутен кој со изгледот и текстурата потсетува на месо. Го јаделе будистите вегетаријанци како замена за месо. Сејтанот содржи голем процент на белковини, а мал на масти па спаѓа во нискокалорични намирници. На пример, има еднаква количина на белковини како шницла месо, а 3 пати помалку калории.

Сејтанот е добар извор на железо, рибофлавин, тиамин, а има и витамин Ц.

Сам по себе сејтанот нема некој специфичен вкус, затоа е подобро да се комбинира со различни сосови или во јадења кои вообичаено се прават со месо. Може да се купи во продавниците за здрава храна, а можете да го подготвите и сами.

Состојки:

1 кг брашно

6 дл вода

Приготвување:

Замесете тесто од брашно и млака вода, па оставете го во сад со вода околу 1 час.

Тестото треба да е потопено цело во вода.

Потоа тестото треба да се измива неколку пати. Менувајте ја водата сè додека не се избистри.

На овој начин се отстранува скробот и се добива тесто кое наликува на гума, односно глутен. Добиеното тесто, ставете го во чиста газа и ставете го да се вари во солена вода еден час, а можете во водата наместо сол да додадете соја сос (вистинскиот рецепт е со соја сос или тамари сос). Можете при процесот на варење да додадете некој зачин по ваша желба, на пример црн пипер, кари, лук, ким, итн.

По ова постапувајте со сејтанот како со месо и приготвувајте го во сите рецепти како замена за месо.

Фото: Pixabay