Направете сами поздрав и повкусен домашен маргарин

Погледнете како можете сами да направите маргарин во поздрава, домашна верзија.

0
225

Маргаринот се прави од растителни масла, богат е со незаситени масни киселини. Погледнете како можете сами да направите маргарин во поздрава, домашна верзија.

Состојки:

Половина шолја млеко / вода
Една шолјичка масло сончогледово или мешавина од маслиново и сончогледово/или половина шолјичка сончогледово масло и половина шолјичка кокосово масло
Една жолчка од јајце
Една лажичка сок од лимон
Половина лажичка сол

Како се прави?

За да го направите, потребни ви се: миксер, две чинии (со различна големина, за да можат да влезат една во друга) и мраз.

Во поголем сад, здробете мраз и додадете малку вода за да се одржува температура од околу 0 степени C. Во помал сад, потопен во поголемиот сад со мразот, додадете ги состојките на следниов начин:

Загрејте ги водата (или млекото) и маслото, одделно, на приближно 40 степени. Во мал сад истурете го маслото во кое претходно ќе ја измешате жолчката и матете со најголема брзина. Додавајте по малку од водата (или млекото) и мешајте уште две минути додека не се соединат водата и маслото. Додадете сок од лимон и сол и нежно мешајте додека не се згусне маргаринот. Ако сакате, на крајот можете да додадете малку зачин по желба.

Префрлете го маргаринот во сад и чувајте го во фрижидер. Најдобро е да го искористите во рок од два до три дена.

Фото: Pexels