Направете напиток за чистење на белите дробови од само 4 состојки

Сè уште не сте се откажале од пушењето? Еве ви одлична мотивација - овој напиток ќе ви ги исчисти белите дробови па веројатно ќе ви биде жал да продолжите со пушењето. А можеби и нема. Сеедно, направете го напитокот и прочистете се

0
724

Знаете дека оваа навика воопшто не е здрава и ги влошува другите здравствени проблеми, како што се настинки и кашлица. Исто така, порано или подоцна, пушењето може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Напиток за чистење на белите дробови

Што мислите да започнете денес, малку по малку, да ја искоренувате оваа грда навика, со голема мотивација? Не е лесно, но ве уверуваме дека напорот ќе се исплати.

За да почнете веднаш да се ослободувате од пушењето, ви го нудиме рецептот за овој напиток, кој ќе ви помогне во тоа. Со него ќе можете да ги исчистите белите дробови за време на процесот на откажување од пушењето, а покрај тоа, ќе ви овозможи полесно да дишете и да ја подобрите функцијата на белите дробови.

Овој рецепт е корисен за сите пушачи, но и за оние кои сакаат да ја подобрат функцијата на белите дробови.

Многумина овој пијалок го нарекуваат еликсир за пушачи, бидејќи тоа е лековит напиток кој содржи одбрани состојки за најдобра можна работа на органите за дишење. Овие состојки се:

1. Кромид

Важно е да се знае дека белите дробови најдобро можат да се прочистат преку растителни масла, без разлика дали станува збор за инхалирање или за консумирање. Одамна е познато дека кромидот е ефикасен лек за подобрување на здравјето на белите дробови, особено ако треба да се исчисти од токсини таложени со пушење.

Кромидот има муколитичко дејство и е силен бронходилататор

Го намалува воспалението на белодробните алвеоли и помага да се елиминираат штетните материи што доведуваат до заболување на белите дробови

2. Куркума

Знаеме дека куркумата има бројни лековити својства, но сега ви откриваме дека куркумата е еден од најефикасните лекови за чистење на белите дробови. Зошто е тоа така:

Куркумата содржи супстанца наречена куркумин, која му дава лековита моќ да ги намали воспалителните процеси во белите дробови. Спречува развој на хронични белодробни заболувања и го олеснува отежнатото дишење.

Содржи кортикостероиди кои ги намалуваат инфекциите и ги чистат белите дробови и полифеноли кои го забавуваат напредокот на слободните радикали.

3. Ѓумбир

Способноста на ѓумбирот да го зачува здравјето на респираторниот систем е широко позната, и тоа е една од причините зошто овој лековит корен има толку многу примени во природното лекување.

Ѓумбирот има способност да ја елиминира насобраната слуз во белите дробови, ги отвора бронхиите и ги чисти респираторните канали.

Има антибактериско, антисептично и антиинфламаторно дејство, поради што е многу корисно за оштетените и чувствителни бели дробови на пушачите. Лечи кашлица, а олеснување се забележува наскоро по консумирањето.

Силниот и лут вкус на ѓумбирот и неговото есенцијално масло, може да се користи и за лекување на засипнатост, губење на гласот и воспаление на грлото.

За да го подготвите овој напиток, потребни ви се следниве количини:

2 кромиди (средна големина)

½ л вода

1 лажичка куркума (2 г)

50 г корен од ѓумбир

2 лажици природен пчелен мед (50 г)

Подготовка на напитокот:

Првото нешто што треба да направите е да ја ставите водата да зоврие. Кога водата врие, додадете ги исчистениот кромид, ѓумбир, куркума и мед. Оставете да се варат околу 30-40 минути, на средна топлина. Не заборавајте да мешате повремено.

Кога ќе забележите дека течноста во тенџерето малку се згуснала и дека кромидот речиси се распаднал, исклучете го шпоретот и покријте го тенџерето. Оставете ја добиената течност да отстои околу еден час и состојките да ги ослободат своите лековити материи. Ќе добиете пијалок со силен и пријатен мирис, и малку лут вкус.

После еден час исцедете ја течноста што ја добивте. Префрлете ја во темна амбалажа и чувајте ја на суво и темно место. Доколку сакате, овој пијалок можете да го чувате во фрижидер, но најдобро е да го чувате на собна температура, за да не биде ниту премногу ладен, ниту премногу топол.

Како да го консумирате?

Овој еликсир можете да го консумирате за чистење на белите дробови наутро на празен стомак, попладне и навечер. Доволно е секој пат да земете по 2 лажици. Овој пијалок ќе ви помогне да ги исчистите белите дробови на природен начин.

фото: Pexels