Направете домашно маскарпоне за 10 минути

Секогаш е позабавно кога само ќе направите нешто. Овојпат пробајте со домашно сирење - маскарпоне!

0
528

Поедноставно е отколку што мислевме, а ќе имате домашно крем сирење што можете да го користите за секој солен и сладок оброк. Никогаш повеќе нема да потрошите голема сума за ова сирење и ќе почнете да правите чизкејк почесто отколку кога било досега.

За околу 2 шолји сирење ќе ви требаат:

2 чаши полномасна слатка павлака

1 лажица сок од лимон

Во тенџере на тивок оган, загрејте ја слатката павлака. Користете термометар за да ја задржите температурата максимум 82 Целзиусови степени. Оставете да се вари на оваа температура околу 3 минути, а потоа додадете го сокот од лимон и нека се вари уште 3 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете ја смесата да се излади на собна температура. Обложете ја цедалката со 3 слоја газа и ставете сад под цедилката. Истурете ја изладената мешавина од маскарпоне на газа и оставете ја преку ноќ во фрижидер за да се исцеди цела течност.

Фото: Pexels