Направете ги за појадок: Здрави крцкави кекси со овесни снегулки

Денес на репертоарот, кекси од банана со вкус на лешници и урми. Сето тоа во комбинација со овесни снегулки, сок од лимон или лимета, ароматизирано со цимет.

0
370

Се прават за пет минути, се печат за петнаесет и се грицкаат за појадок со вашето прво кафе, чај, какао или некој друг топол или ладен пијалак.

На пример, со ладно кафе, чај од лимон, ѓумбир и босилек, кој е многу убав и во топло, но и во ладно издание.

Од оваа смеса ќе добиете 18 бисквити од околу 8 цм.

Состојки:

3 зрели банани

180 г овесни снегулки

100 г сечкани лешници

1 лимон или лимета

6 свежи урми

1/2 лажиче цимет

по избор 1/2 лажица шеќер од цвет од кокос или мед

Приготвување:

Излупете ги бананите, згмечете ги и исцедете го сокот.

Полијте ги со сокот од лимон или лимета.

Урмите и лешниците ситно исечкајте ги.

Измешајте ги сите состојки и додадете цимет и овесни снегулки.

Во случај да сакате послатки колачиња, додадете уште малку урми или шеќер од цвет од кокос или мед.

Направете еднакви топчиња и сплескајте ги малку, па наредете ги врз хартија за печење.

Печете 15 минути во загреана рерна на 180° С.

Фото: Unsplash