Напиток од суво грозје што го штити срцето и ги регулира мастите

Можеби сте чуле колку е здраво да јадете неколку зрна суво грозје, бидејќи на тој начин можете да спречите кардиоваскуларни заболувања, да го регулирате нивото на маснотии во крвта

0
204

Покрај тоа што ги ставаме во разни колачи, можеби сте слушнале досега колку е здраво да јадете неколку зрна суво грозје, бидејќи на тој начин можете да спречите кардиоваскуларни заболувања, да ги регулирате нивоата на маснотии во крвта и многу повеќе.

Еве за што е добро сувото грозје:

– Одличен извор на енергија како резултат на високата содржина на јаглени хидрати

– Природен диуретик полн со растителни влакна кој помага за подобро варење

– Стимулира подобра циркулација на крвта

– Содржи антиоксиданти кои се борат против слободните радикали

– Помага во спречување на рак на дебело црево

Покрај консумирањето овошје, најдовме уште еден одличен начин за консумирање на суво грозје. Имено, водата од суво грозје може да биде исклучително добар природен пијалок со повеќе позитивни својства.

Сè што треба да направите е да натопите малку суво грозје во вода на 24 часа, да го исцедите и да ја пиете оваа вкусна течност во текот на целиот ден. Ова е идеален начин на консумирање за оние кои не сакаат суво грозје, бидејќи вкусот е сосема поинаков.

Ова се својствата на водата од суво грозје:

– Ризница на витамини и минерали

– Помага при сузбивање на нечистотиите и отпадот од телото

– Помага во детоксикација на црниот дроб

– Овозможува добро варење на храната.

Сувото грозје поради неговите биофлавоноидни својства ги ослободува неговите корисни хранливи материи кои се пренесуваат во водата и стануваат моќен антиоксидант.

Совршен рецепт за здрав напиток од суво грозје

Прво, измијте 1 шолја суво грозје. Загрејте 750 мл вода, но извадете ја пред да зоврие.

Потоа додадете го сувото грозје и оставете го да стои 15 минути. Исцедете го и измијте го со чиста вода.

Во тенџере ставете 1 литар филтрирана вода и зовријте ја, а потоа истурете ја водата во сад со грозје. Оставете да стои 24 часа во фрижидер и пијте го следниот ден.

Фото: Pixabay