Намирници што речиси веднаш ја намалуваат надуеноста

Со оваа храна можете брзо да го смирите желудникот и да ја намалите надуеноста.

0
327

Иако надуеноста може да биде резултат на некои здравствени проблеми, може да се појави и кај оние кои немаат чувствителен дигестивен систем. Дали ќе бидеме надуени или не, многу зависи од тоа што јадеме, и ако веќе сте јаделе нешто што ве прави да се чувствувате како балон, има намирници што можат да ви помогнат скоро веднаш.

Киноа
Ако некогаш сте доживеале надуеност после тестенини или леб, можеби сте чувствителни на глутен. Ова не значи веднаш дека имате целијакија која погодува 1 од 100 луѓе во светот и е посериозна состојба, но може да значи дека сте меѓу оние кои не го толерираат баш најдобро глутенот.

Ако се сомневате дека имате нетолеранција на глутен, најдобро е да се консултирате со лекар, а она што можете да го направите веднаш е да внесете во исхраната намирници богати со скроб, но без глутен, како што е киноа. Тие се полесни за варење и нема да предизвикаат надуеност.

Краставици
Краставиците се состојат од 95% вода и се одличен сојузник во хидрирање на организмот. Тие помагаат да се „исплакне“ дигестивниот тракт и да се олесни поминувањето на храната која инаку би предизвикала надуеност, запек и гасови.

Покрај тоа, краставиците се богати со флавоноид кверцетин, кој може да ги намали воспалителните процеси во дигестивниот систем.

Целер
Целерот е еден од најдобрите сојузници во борбата против надуеност затоа што, како и краставицата, е богат со вода. Целерот е богат со калиум, има диуретични својства и исто така има антиинфламаторно дејство.

Ананас
Ананасот содржи ензим бромелаин кој помага при разградување на протеините и го олеснува варењето на храната. Покрај тоа, нема многу натриум, а богат е со калиум и може да го намали воспалението во дигестивниот тракт што доведува до надуеност.

Јогурт
Јогуртот содржи живи и активни култури, односно пробиотици кои го подобруваат здравјето на дигестивниот систем. Богато е и со калиум кој помага при надуеност.

Кефир
Ако не консумирате премногу млечни производи, можеби ќе сакате да размислите за кефир. Овој ферментиран пијалок содржи лактаза, ензим кој ја разградува лактозата, која е виновник за дигестивните проблеми. Една студија покажа дека кефирот помага во намалување на надуеноста, болките во стомакот и гасовите до 70%.

Банани
Општо е познато дека бананите се богати со калиум, поточно, една банана има околу 422 милиграми од оваа хранлива материја, што е одлично во борбата против надуеност. Студијата исто така открила дека жените кои јаделе банана пред оброк имале помалку проблеми со надуеност од оние кои не јаделе. Научниците ова го припишуваат на пробиотиците во тоа овошје.

Домати
Доматите се полни со ликопен, антиоксидант кој има антиинфламаторни својства и ја намалува подуеноста. За да извлечете максимум од ликопенот во доматите, јадете ги термички обработени, наместо сурови.

Лубеница
Благодарение на високата содржина на вода во лубеницата, може да го намали прекумерното задржување на вода во телото. Исто така, има многу калиум и може да помогне во исфрлање на вишокот на натриум од телото, со што се намалува подуеноста.

Зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданти и има диуретични својства, а истражувањата покажуваат дека може да ги намали воспалителните процеси во дигестивниот систем.

Авокадо
Сите здрави масти од авокадото можат да спречат надуеност. Покрај тоа, една четвртина од авокадото содржи дури 368 милиграми калиум, а исто така помага да се исфрли вишокот на натриум од телото.

Куркума
Многу зачини, вклучително и куркумата, имаат антиинфламаторно дејство и можат да го смират вознемирениот стомак. Причината за ова е што куркумата е претежно куркумин кој има антиинфламаторни својства и може да ги смири дури и симптомите на нервозно дебело црево.

Нане
Без разлика дали станува збор за чај или свежи листови од нане, тоа го смирува дигестивниот тракт и може да ја ублажи болката што доаѓа со надуеноста. Нането исто така содржи флавоноиди кои инхибираат одредени клетки на имунолошкиот систем кои придонесуваат за надуеност.

Ѓумбир
Слично е и со ѓумбирот кој може да ја ублажи болката во стомакот. Сепак, важно е ѓумбирот да е суров и свеж, бидејќи преработениот веќе ги изгубил повеќето својства. Дел од соединенијата во ѓумбирот, помагаат при ослободување на ветровите, што ја намалува подуеноста. Ѓумбирот исто така го смирува желудникот.

Фото: Pexels