Намалете го холестеролот со помош на само три состојки

Со комбинација на три лесно достапни намирници ќе го помогнете прочистувањето на артериите, ќе ја подобрите циркулацијата и ќе го намалите нивото на холестерол и триглицериди во вашето тело.

0
841

Лошата исхрана и нездравите навики, како и начинот на живот и силниот стрес се основни причини поради кои доаѓа до остојба на покачен холестерол и триглицериди.

За жал, ова нема никакви симптоми, па имате среќа ако го откријат проблемот при рутинско испитување на крвта.

Првиот чекор што треба да го направите е да го промените – или барем да го подобрите – начинот на исхрана. За да го намалите нивото на холестерол и триглицериди ви препорачуваме да вклучите едно лековито средство кое е и лесно за подготовка.

Потребни ви се ѓумбир, лук и лимон

Ѓумбирот ефикасно го намалува холестеролот

Многу студии ја докажуваат ефикасноста на ѓумбир за намалување на нивото на холестеролот во артериите. Причината лежи во високата содржина на антиоксиданти во корените на ѓумбирот.

Лукот е непријател на холестеролот и триглицеридите

Лукот е еден од најпознатите природни борци против триглицеридите и холестеролот. Запомнете дека лукот делува преку акумулација во организмот. Со други зборови, почнува да се намалува ефикасно холестеролот и триглицеридите, откако ќе го земате барем 3 недели. Најпрепознатлива состојка на лукот е алицинот. Освен што дава карактеристичен мирис и вкус, алицинот го намалува холестеролот на ѕидовите на артериите. Освен тоа лукот е исклучително корисен за кардиоваскуларниот систем. Тој има природно и многу ефикасно антибактериско дејство, во комбинација со диуретско, прочистување и антисептички својства.

Лимон: беспрекорен природен лек

Зголемувањето на внесот на витамин C е докажан начин за превенција и третман на лошиот холестерол (LDL) и на триглицеридите. Задолжително треба да биде дел од секојдневното мени, а кој е подобар начин за тоа од подготовката и конзумирањето на овој лек со лук, ѓумбир и лимон?

Како треба да се комбинираат овие три моќни состојки за да добиеме ефикасен лек.

Состојки:

1 чаша сок од лимон (250 мл)
1 чешне лук
1 лажичка свеж ѓумбир (2 гр.)
1 лажичка мед (7.5 гр.)

Приготвување:

Важно е да користи органски лук, лимони и ѓумбир. На овој начин ќе си обезбедите максимално количество витамини и минерали.

Исцедете една чаша сок од лимон.

Потоа додадете лукче, свеж ѓумбир и лажичка мед во блендер заедно со сокот од лимон.

Промешајте добро. Лукот и ѓумбирот треба да се на многу мали парчиња.

Обидете се да го пиете овој напиток богат со витамини и антиоксиданси наутро пред појадок.

Конзумирајте го лекот во текот на 15 дена, одморете се една недела и повторете ја постапката.