Намаз од мед за јакнење на имунитетот

Ви пренесуваме рецепт за многу интересен намаз од мед што би можеле да го сакаат и вашите најмали, а добар е и за имунитетот

0
242

Основни состојки:

125 г ливадски мед
125 г путер

Додаток по желба:

1 лажица полен
50 г црно чоколадо

Приготвување:

Во мал сад изматете го со миксер путерот кој претходно бил на собна температура со миксер. Потоа постепено со лажица додавајте го медот и на крај додадете го поленот.
Вака подготвениот путер можете веднаш да го користите како намаз или да го чувате во соодветен стаклен сад со капак и да го чувате на ладно место до употреба. Бидејќи овој намаз има ист рок на траење како путерот, и е многу лесно да се подготви, се препорачува да не го правите во многу големи количини, туку да ја прилагодите количината на потребите на вашето семејство.

Намазот е идеален за мали деца, бидејќи медот нема да им се цеди низ прстите. Ако вашите деца не сакаат мед, но сакаат намази од чоколадо, можете да измешате внатре и 50 гр стопено чоколадо.

Фото: Pexels