Намаз од костени

Сите знаат за путер од кикирики и бадеми, но сигурно не сте пробале намаз од костени! Овој домашен намаз е посебно осмислен рецепт со богат вкус и совршена текстура, а не можете да го купите никаде.

0
434

Состојки:

150 г костени

50 г ореви (или бадеми)

3 лажици масло од бадеми, ореви или од тиква

2 дцл вода

Прстофат сол

Приготвување:

Најпрвин испечете ги костените. Загрејте ја рерната на 200°C, засечете ги малку костените и печете ги 30-тина минути.

Готовите костени оставете ги да се оладат и излупете ги. За тоа време во истиот сад за печење ставете ги оревите и печете ги 7-8 минути.

Исчистените костени и ореви ставете ги во блендер и мешајте ги 3-4 минути. Додадете масло, сол и вода па мешајте додека не добиете кремава структура. По желба можете да додадете уште сол, масло или вода.

Ставете го намазот во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.

Фото: Pixabey