Морско оревче против стомачни проблеми

морското оревче делува благотворно на бројни стомачни проблеми. Може да го подобри варењето, да ја ублажи дијарејата и гадењето, да ги намали болките, а има и смирувачко дејство.

0
221

Овој зачин е многу чест при готвењето, а се додава во десерти, како и на солени јадења и пијалоци. Станува збор за семе од зимзеленото дрво Myristica fragrans.

Меѓутоа, морското оревче делува благотворно и на бројни стомачни проблеми. Може да го подобри варењето, да ја ублажи дијарејата и гадењето, да ги намали болките, а има и смирувачко дејство.

Покрај тоа, овој ароматичен зачин има силно антибактериско дејство и е ефикасен во лекувањето на орални инфекции. Препаратите што содржат морско оревче ги ублажуваат ревматските тегоби и се ефикасни во борбата против егземата.

Фото: Pexels