Може ли да јадете јогурт со поминат рок и што може да ви се случи?

Следниот пат кога ќе најдете јогурт со поминат рок, не го фрлајте затоа што датумот означен како „најдобро да се користи до“ не значи дека тој потоа не е за употреба, туку дека е најдобро да го користите до одредениот датум.

0
568

Иако можеби не е на исто ниво со лебот, млекото и јајцата, јогуртот е дефинитивно една од главните намирници. Јогуртот не само што е разноврсен (може да се користи како основа за сосови, смути и колачи или да се јаде посебно), туку е и нутриционистички одлична намирница.

„Јогуртот е добар извор на калциум за зајакнување на коските, но и за здравјето на цревата поради добрите бактерии што ги содржи“, вели нутриционистката Кери Ганс. Може да биде и извор на протеини. И покрај неговите квалитети, често се случува да го заборавите некаде во фрижидерот, а кога повторно ќе го видите, забележувате дека рокот му истекол.

Ова, се разбира, покренува некои прашања, како што се: Дали е во ред да консумирате јогурт по датумот на истекување и што може да се случи најлошо ако се осмелите да консумирате јогурт со поминат рок. Во основа, следниот пат кога ќе најдете јогурт со поминат рок, не го фрлајте затоа што датумот означен како „најдобро да се користи до“ не значи дека тој потоа не е за употреба, туку дека е најдобро да го користите до одредениот датум.

„Многу од нив се сведуваат на квалитет, а не на безбедносни прашања“, вели др. Бенџамин Чепмен, професор на Универзитетот во Северна Каролина. Во основа, датумот отпечатен на јогуртот значи само до кога производителот гарантира дека квалитетот на јогуртот е на својот врв. На кратко, можете да јадете јогурт дури и откако ќе истече рокот.

„По истекот на датумот, тој ќе стане покисел заради ферментацијата”, вели Чепмен, објаснувајќи: „Сепак, тоа не значи дека е безбедно да се јаде јогурт кој со месеци е во фрижидер. Обично можете да јадете неотворен јогурт за околу еден месец откако му истекол рокот“.

Ако го отворите јогуртот и го оставите во фрижидер, тој може да трае најмногу една недела.

Како можете да бидете сигурни дека јогуртот е сè уште добар?

Работите се едноставни, вели Чепмен, ќе го мириснете, ако има лош мирис, фрлете го. Ако мириса добро и има лош вкус, исто така се фрла. Ако има добар вкус, можете да го јадете.

Што може да ви се случи ако консумирате расипан јогурт?

„Ако јадете јогурт кој е расипан, тоа ќе предизвика непријатност во цревата, но тешко е дека ќе се случи тоа затоа што по вкус ќе препознаете дека не е добар. Ако консумирате расипан јогурт што стоел отворен во фрижидер, што исто така е тешко да се случи затоа што би почувствувале, може да добиете дијареја, грчеви и повраќање“, објаснува Ганс.

Како правилно да се чува јогуртот?

Веднаш штом ќе го донесете од продавницата, ставете го во фрижидер. Обидете се да не го чувате јогуртот отворен повеќе од неколку дена во фрижидер. Ако процените дека сте купиле повеќе јогурт отколку што можете да потрошите во догледно време, тогаш замрзнете го. Ганс вели дека јогуртот може да стои замрзнат од еден до два месеци, без да го промени вкусот по одмрзнувањето.

Фото: Pexels