Младиот кромид го симна од тронот ‘стариот’ праз

Ако ви се пријаде деновиве праз, тешко дека ќе најдете...резервите на есенски праз завршија, ама затоа тезгите се полни со предвесникот на пролетта....Мислите дека зборуваме за кокичиња? Не!

0
176

Ако ви се пријаде деновиве праз, жал ни е што мора да ве информираме, ама праз веќе тешко се наоѓа. Освен ако немате некој закопан во дворот или заборавен на балкон.

Ама без гајле. Се е преполно со предвесникот на пролетта која, здравје Боже, доаѓа за 1 месец. Се разбира дека не мислиме на кокичињата, нив уште не сме се осмелиле да ги вкусиме и да ги испробаме во некоја гастрономска авантура. Мислиме на младото кромитче.

Го има насекаде и е навистина штета да не го консумираме со оглед на неговите здравствени придобивки. А и доста ни е веќе од кисела туршија!

За младото кромитче знаеме дека има антибактериски својства, па штити од воспаленија, помага при настинки, а одличен е и за подобрување на варењето.

Не го фрлајте ниту зелениот дел од младото кромитче затоа што токму во него се наоѓаат многу состојки кои се добри за нашето здравје.

Зошто е добро да се јаде секој ден?

Го штити срцето – полно е со антиоксиданси кои ги штити клетките во телото од оштетувања предизвикани од делувањето на слободните радикали. Освен тоа, младото кромитче го чува крвниот притисок во граници на нормала и го намалува ризикот од создавање на тромби.

Добро е за видот – штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А кој е важен за производство на протеини во очите, заслужен за добар вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин можат да страдаат од ноќно слепило и од други пореметувања. Еден кромид содржи околу 3 отсто дневни потреби за витамин А.

Ги јакне коските – витамините Ц и К со кои изобилува кромитчето се добри за заштита на коските. Само едно кромитче содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу 2 отсто витамин Ц. И едниот и другиот се важни за густината и цврстината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува шансата за развој на остеопороза и скршеници.

Го снижува холестеролот – особено неговиот зелен дел кој некои луѓе го фрлаат, а би било подобро да го изедат. Освен што го снижува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер.

За поубава кожа – му помага на организмот во производството на колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за забавување на појавата на брчки на лицето.