Мирисот на планината во шолја чај

Планинскиот чај од Галичица обилува со биоактивни состојки и етерични масла. Најделотворен е во борбата против настинките и грипот, при алергии, тешкотии во дишењето и за јакнење на имунитетот. Научните истражувања покажуваат дека е богат со антиоксиданти и може да се користи за превенција и борба против рак, но и како алтернативен лек против остеопороза.

0
465

Планинскиот чај од Галичица (Sideritas scardica)  е ендемска билка од балканскиот регион за чии лековити својства многу малку се знае. Овој чај денес се употребува како лек против сите воспалителни процеси во организмот.

Билката расте во високите планински предели и многу често секој вид/подвид е ендемски за таа планинска верига. Кај нас е познато дека чајот што се бере на Галичица е малку различен на вкус и изглед од тој на Шара и на Бистра. Исто така може да се најде на осторовите во Егејското Море, најмногу на Крит, па во Грција е брендиран и заштитен како „грчки планински чај“ и се извезува на големо како билошки здрава храна и алтернативен лек.

Кај нас, пред точно 10 години, со промоција на планинскиот чај што расте во националниот парк Галичица, тој беше брендиран како Охридски чај.

Планинскиот чај од Галичица (Sideritas scardica) обилува со биоактивни состојки и етерични масла. Чајот е најделотворен во борбата против настинките и грипот, при алергии, тешкотии во дишењето и за јакнење на имунитетот. Исто така ја намалува напнатоста и го регулира варењето.
Научниците се на добар пат да докажат дека овај чај спречува лепење на тромбоцитите кај луѓе со покачени маснотии во крвта  што може да доведе до создавање тромбови, до шлог или инфаркт.

Научните истражувања покажуваат дека е богат со антиоксиданти и може да се користи за превенција и борба против рак. Исто така докажано е дека делува против бактерии и воспаленија, а може да се користи и како алтернативен лек против остеопороза.

Растението со своите лековите својства било познато уште од античко време. Со популаризацијата на алтернативната медицина, станува сè попопуларно заради своите анти-канцерогени својства.

Кај нас сè помалку може да се најде на планините. Дивите берачи го берат во големи количини, уште пред целосно да расцвета. Се продава исушен во снопчиња по пазарите и сè повеќе се одгледува во вештачки услови.

За најдобри резултати една лажичка издробен чај (или едно гранче) ставете во 2 дл вода, варете 20 мин и процедете го.