Мајонез од везени пиперки

Ако лупењето пиперки ви е ноќен кошмар, а сакате да направите домашен ајвар, еве ви лесна варијанта - ајвар со везени пиперки и модри патлиџани, без лупење! по рецептот на госпоѓа Зорица Блажевска

0
1112

Ако се плашите од големи дози, направете мала. За да не се изморите, купете 4 кг везени пиперки, а ако сакате луто, пола килограм нека бидат лути.

Рецептот е мајсторски.

Состојки:

3,5 кг благи везени пиперки

1/2 кг лути везени пиперки (ако се многу лути може и помалку)

5-6 модри домати (помали)

800 мл масло

сол по вкус

1-2 лажици шеќер

3-4 лажици јаболков оцет

Приготвување:

Пиперките се мијат, се засекуваат по должина и се чистат од семките.

Се ставаат во тепсија и се печат во рерна колку да омекнат (околу 15-20 минути).

Модрите домати се лупат и се сечат на подебели тркалца па и ти се ставаат во рерна за да омекнат.

Кога ќе се оладат, се мелат во машина за мелење месо.

Се ставаат во тенџере и се пржат на рингла со постепено додавање на зејтин. Се додава сол по вкус и шеќер, а некаде пред крајот на пржењето се додава и оцетот.

Се пржи околу 1 час со постојано мешање.

Во меѓувреме се ставаат чисти тегли во  рерната вклучена на 100 степени за да се стоплат. Се полнат со ајварот, убаво се затвораат па се враќаат во рерната уште 15 минути.