Малите сендвичи се чешка измислица, а штрудли нема само во Виена

Вака, чешкиот амбасадор Мирослав Томан ги покани присутните на чешкото кафе-утро во „Холидеј ин“, да ги пробаат чешките специјалитети - малите сендвичи кои кај нас ги имаше на секоја можна домашна прослава или роденден во минатиот век и штрудлите со афион и со јаболка и ореви

0
660

Во организација на здружението „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre и чешката амбасада, денеска, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје во рамки на чешкото кафе-утро беше организирана изложба на фотографии под наслов „1989 низ очите на фотографот“, серија од фотографии направени за време на големите протести во поранешна Чехословачка, познати како „Кадифена револуција.

Во рамкте на настанот имаше и мал коктел со традиционални чешки „залчиња“ од типот на малите сендвичи, кои кај нас ги имаше на секоја можна домашна прослава или роденден во минатиот век, но и ден денеска, а за кои чешкиот амбасадор Мирослав Томан, рече дека биле токму „чешка иновација“.

Се разбира, тука беа и штрудлите со мак и со јаболка и ореви.

„Да се знае дека штрудли нема само во Виена“, се пошегува амбасадорот повикувајќи ги присутните да ги испробаат овие домашни специјалитети.