Ловоровиот лист не е само зачин, туку и лек

Ловоровиот чај помага во чистење на синусите и борба против настинки и грип. Се користи во лекување на губење на апетит, дијабетес и кардиоваскуларни нарушувања. Има смирувачки ефект, затоа се користи за лекување на нервоза, напнатост и несоница.

0
453

Ловоровите лисја имаат многу ароматичен, лут и горчлив вкус и затоа често се користат во исхраната како зачин.

Ловоровиот лист содржи:

Антиоксиданти кои помагаат во борбата против слободните радикали, што има ефект на намалување на оштетувањето на клетките.
Витамин А, неопходен за здравјето на кожата, косата и видот. Делува како успешен антиоксидант што може да го намали ризикот од рак. Ловоровиот лист содржи околу 206% од препорачаната дневна вредност на внесот на витамин А на 100 грама.
Исто така, содржи витамини од Б-комплексот кои помагаат да се регулира работата на нервите, органите и производството на хормони. Консумирањето суви и свежи ловорови листови им помага на дијабетичарите бидејќи го регулира нивниот метаболизам и го намалува нивото на шеќер во крвта.
Витамин Ц кој помага во олеснување на воспалението, вирусни заболувања и го подобрува имунолошкиот систем.
Исто така, содржи фолна киселина, која е важна за развој на структурата на ДНК кај фетусот.
Минерали како калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, селен и цинк кои го стимулираат производството на крвни клетки, ја регулираат работата на органите и мускулите.
Етеричното масло од ловор се користи за лекување рани, изгореници или воспаленија и за ублажување на болка.

Ловоровиот чај помага во чистење на синусите и борба против настинки и грип. Се користи во лекување на губење на апетит, дијабетес и кардиоваскуларни нарушувања. Има смирувачки ефект, затоа се користи за лекување на нервоза, напнатост и несоница.

Треба да се напомене дека овие употреби на ловор за здравствени цели не се научно потврдени, но лековитите својства на ловорот се забележани искуствено преку долга традиција на употреба.

Некои рани истражувања ги потврдуваат лековитите ефекти на ловорот, на пример во намалувањето на концентрацијата на шеќер и „лошиот“ холестерол во крвта.

Студија на пакистански научници, објавена во 2009 година, го разгледувала ефектот на екстрактот од мелен ловоров лист врз подобрувањето на крвната слика кај дијабетичарите кои страдаат од дијабетес 2.

По 30 дена, групите на испитаници кои консумирале ловор, во споредба со групата со плацебо, имале значително подобрени параметри на концентрацијата на гликоза и холестерол во крвта.

Ловоров чај за зглобовите

Ловорот има анти-воспалителни својства и се користи за ублажување на болката во мускулите и зглобовите предизвикани од артритис. Тој нема да го излечи артритисот, но може да помогне во ублажување на болката.

Измешајте 300 мл вода со 5 грама ловоров лист.
Варете 6 минути, потоа тргнете го тенџерето од оган, покријте го и оставете го да отстои 3 до 4 часа.
По 3 до 4 часа процедете го и пијте го во мали голтки 12 часа.

Ловоров чај за подобро варење

Ловорот е ароматично растение кое со години се користи за слабеење, но не е растение што магично го решава вишокот килограми. Добар е за варењето и го регулира метаболизмот, го намалува стресот и вознемиреноста кои влијаат на појавата на вишок килограми. Активните соединенија ја намалуваат надуеноста и запекот.

За правилно и здраво губење на тежината, потребно е да се јаде урамнотежена и умерена исхрана и редовно да се вежба.

Можете исто така да додадете цимет во чајот од ловор по желба, кој исто така го регулира нивото на шеќер во крвта.

Ќе ви требаат следниве состојки:

1 литар вода,
1 лажичка цимет,
6 ловорови лисја,
1 лажица мед.

Ставете ја водата да зоврие. Кога водата врие, додадете лажичка цимет и ловоровите лисја.
Намалете ја топлината и оставете да врие 5 минути.
По 5 минути, тргнете го чајот од огнот. Оставете да се излади.
Кога чајот ќе се олади, исцедете го и послужете го во шолја.

Пијте чај наутро на празен стомак.

Сируп од ловор и жалфија

Ако имате болки во грлото, комбинацијата од ловоров лист и жалфија исто така може да помогне. Жалфијата има антибактериски, антисептички, антивирусни и противвоспалителни ефекти.

Се користи за лекување на:

воспалено грло,
синузитис,
настинки,
забоболка,
гингивитис,
херпес

Состојки:

10 ловорови лисја,
5-6 лисја од жалфија,
200 г шеќер,
2 дл вода.

Ставете го шеќерот во тенџере и мешајте на тивок оган додека не се растопи и не се претвори во карамела.
Додадете вода во тенџерето со шеќер и продолжете да мешате додека шеќерот не се раствори целосно во водата.
На крајот додадете ги жалфијта и ловоровите лисја и варете 10 минути на тивок оган.
Покријте го тенџерето и оставете сирупот да се излади, а потоа процедете го.
Консумирајте го 3 пати на ден по 1 лажица додека грлото не престане да ве боли.

Сируп од ловор и пиво 

Сирупот од ловор и пиво ја ублажува болната кашлица која трае со недели. Лесно е да се направи, а потребни ви се само 3 состојки: шеќер, пиво и ловоров лист.

Состојки:

300 г шеќер,
3 дцл пиво,
6 ловорови лисја.

Ставете го шеќерот во тенџере и варете на тивок оган додека не се растопи.
Ставете го огнот на минимум, додадете пиво и ловорови листови и варете на тивок оган околу 20 минути.
По дваесетина минути, тргнете го од оган и оставете сирупот да се излади.
Ќе добиете околу 3 дцл сируп, ако сакате да добиете повеќе тогаш зголемете ја количината на состојки. Важно е да се користи 100 грама шеќер на 1 дцл пиво.

Фото: Freepik